Утрински Весник
Свет

Пијан патник принудил авион да слета во Грција

Пијан патник принудил авион да слета во Грција

Авионот на компанијата „Тунис ер“ принудно слетал во Грција бидејќи во него имало пијан патник кој предизвикал нарушување, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Авионот што летал од Истанбул за Тунис морал кратко да слета во Солун.

Грчката полиција соопшти дека маж на возраст од четириесет години е уапсен поради предизвикување неред и загрозување на безбедноста на патниците на комерцијалниот лет.

Уапсениот и претходно ѝ бил познат на грчката полиција за шверц на дрога, а на споменатиот лет патувал со лажни документи.

„ Беше агресивен кон екипажот за време на летот, очигледно бил во пијана состојба“ – изјавил портпаролот на полицијата во Солун во изјава за АФП.

Тој додаде дека поради безбедноста на останатите патници, пилотот принудно слетал во Солун.

Се очекува осомничениот да се појави пред судија во Солун.

Можете да прочитате

Финска сака да го зголеми бројот на резервисти за 125.000 со зголемување на старосната граница на 65 години

Мировен самит без клучните лидери: Трамп и Путин нема да се сретнат во Истанбул

Само Зеленски ќе присуствува на преговорите во Истанбул