Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Се сомневаме во злоупотреба на механизмите за следење на комуникациите на над 2 милиони граѓани

Петрушевски: Се сомневаме во злоупотреба на механизмите за следење на комуникациите на над 2 милиони граѓани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски со предупредување за процес, кој, како што вели, е поврзан со безбедносните служби.

dobivaj vesti na viber

„Имаме основано сомневање дека се преземаат чекори за нарушување на националната безбедност, отворајќи врата за злоупотреба на механизмите за следење на комуникациите на над 2 милиони граѓани. Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, на својата 15-та седница, почнувајќи од 23.05.2023 година одржа пет продолженија, разгледувајќи Информација за работењето на Оперативно техничката – агенција – ОТА. Притоа Комисијата, постапувајќи во рамките на својата надлежност, утврди сериозен сомнеж дека ОТА го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите односно дека извршила незаконска набавка на средства за следење на комуникациите кои може да бидат злоупотребени, а набавката е без соодветно Одобрение предвидено во ставот 2 на овој член“, посочи Петрушевски.

Ваквото прекршување на Законот, според него, отвора можност за загрозување на националната безбедност и безбедноста на граѓаните, како и повреда на човековите слободи и права утврдени со Устав, закон и меѓународни договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија.

„Согласно со закон предвидените надлежности како Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, едногласно со поддршка од сите пратеници, без разлика на политичката партија, донесовме заклучок за оваа сомневање да го известиме Јавниот обвинител на Република Македонија. Свесни дека во Република Македонија во минатото се случиле многу скандали од доменот на незаконското следење на комуникациите, должни сме да укажеме дека со ваквото евентуално прекршување на Законот за следење на комуникациите се создава можност за скандал од досега невидени размери“, вели Петрушевски.

Прашува зошто, некој на помалку од 2 месеци пред заминување од функцијата, го прави ова токму во овој момент, кога се актуелни уставните измени?

Можете да прочитате

Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови

Сѐ уште активен пожарот во Нерав, и АРМ ќе се вклучи во гасењето 

Затворен граничниот премин „Меџитлија“ поради пожар