Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: СДС и ДУИ го штитат главниот обвинител Љупчо Коцевски

Img 8474.jpeg

Прес конференција на Бране Петрушевски, ВМРО-ДПМНЕ:

Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски.


Фактот што ниту еден функционер од СДС, кои држеа високи државни позиции, и за кои постојат сериозни индиции, но и докази за големи криминали не е во затвор, говори каква е врската на СДС со главниот обвинител Љупчо Коцевски, и зошто тие во Собрание се бореа да му дадат сламка за спас, преку не гласање на интерпелацијата за него.

СДС и ДУИ го штитат главниот обвинител Љупчо Коцевски, за тој да ги штити криминалите на Филипче, Заев и Али.

На милиони украдени од ЕСМ и РЕК, на стотици тендери во здравството, нема ниту еден случај на одговорност. Очигледно е сега, дека нема затоа што тие случаи водат до врвот на СДС.

СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и покажа кој го постави, кој стои и кој го одржува во живот главниот обвинител Коцевски.

Се додека е Љупчо Коцевски главен обвинител, се до тогаш нема да има одговорност за криминалците од СДС и ДУИ, зошто тие се штитат меѓусебно.

Љупчо Коцевски треба да има грам морал, и да ја прифати пораката од граѓаните и да си поднесе оставка. Со секој поминат ден, неговиот рејтинг не само што се намалува, туку го пробива дното.

Можете да прочитате

Меџити: Ја напуштам Владата, тргнува во битката за Чаир

Делегации на СДСМ за Илинден во Крушево, Скопје и Пелинце

На „Табановце“ се чека околу 45, на „Богородица“ околу 30 минути