Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат

Petrushevski 10.jpg

Изјава за медиуми на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,


СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат.

Откако се излетаа со различни тези, соопштенија и прес-конференции, од СДС не поставија ниту едно пратеничко прашање кон претставниците на Владата за Артан Груби. Дури имаат и страв кога ќе се спомне името на Артан Груби, па избегаа од собраниската сала.

Филипче, Заев, Спасовски, Зечевиќ и останатиот дел поранешни функционери на СДС, се фатени во голема паника и хистерија од можните искази во обвинителството на Артан Груби.

Во СДС се свесни што се може да каже Груби, па затоа и го бранат неговиот криминал. Толку ги немаат брането дури ни криминалите на Заев и Филипче.

Во превод, ако Груби прозбори, голем дел од поранешните функционери на СДС, ќе треба да седнат на обвинителна клупа.

Затоа го повикуваме ЈО, сите индиции и сомнежи кои сме ги пренесувале во јавноста да ги истражи.

На крајот, СДС сами ќе си пресудат.

Можете да прочитате

Жена тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Малолетничка најдена предозирана во Карпош

МНР со апел до македонските граѓани кои се наоѓаат во ОАЕ, Катар, Квајт и Бахреин