Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: СДС јавно да се извинат за Груби

Petrushevski 11.01.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

СДС јавно да се извинат за Груби.


Од криминалите за Лотарија, преку дуќанот на улица Македонија под цена, до луксузното возило кое демек не е негово, туку му го дал пријател, Груби мириса на криминал и корупција.

СДС знаеле што прави Артан Груби, и го дозволиле неговиот криминал.

Со години и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите и граѓаните алармираа и предупредуваа дека Груби ја ограбува државата, а СДС и ДУИ молчеа.

Со што ги држел Артан Груби СДС и ДУИ па никој не смеел да му застане на патот?

Дали уште СДС се уценети од Груби и затоа не смеат да се откажат од него и со што?

Жално е да се гледа како СДС се претвори во партија на уценети политичари, кои заради свој личен комодитет ја уништуваат опозицијата.

Ќе се охрабри ли некој во СДС да каже НЕ на Груби и политичарите кои ги уценуваат во врвот на СДС?

Можете да прочитате

Сниман, препознаен, но непроцесиран – дали системот затаил и дозволил осомничениот да стане сериски убиец во кумановско?

„КОД“ откри: Марихуаната во Србија превезувана како „македонски перници“ од Прилеп

Алиу: Најмалку шест производители на медицинска марихуана ќе ги изгубат лиценците