Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Најголеми виновници за правосудството се кадровските решенија на СДС кои беа бирани во нивниот штаб 

Petrushevski 1.jpg

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Во емисијата „Само вистина” на Канал 5, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој говореше за реформите на правосудниот систем, каде истакна дека за разлика од СДС, новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ не го разрешува веднаш ЈО Љупчо Коцевски, туку ми даде доволно време и место да се занимава со тоа што му е работа, а тоа е да го гони криминалот и корупцијата. 


„Наш прв чекор не беше разрешување на јавен обвинител, туку напротив, му дадовме доволно шанса веќе 8 месеци да се расплени со сиот свој талент, затоа што секојдневно десетици, вкупно стотици предмети, што барем ние, јавноста и медиумите, ги обелоденуваа, а за кој што со мал прст Коцевски, не мрдна”, нагласи Петрушевски. 

Пратеникот Петрушевски потенцираше дека сите индикации, од Европската Унија и од извештајот на Транспаренси, на дури 4 места била спомната работата на јавниот обвинител дека е директен негативен показател. 

„Ние тука разговараме за нашата перцепција, но не само за нашата перцепција туку и за релевантни извештаи, последниот е на Транспаренси, каде што јавниот обвинител на 4 места е спомнат како негативен показател во мерливоста на тие предизвици кои се наведени”, потенцираше Петрушевски и дополни дека не се само извештаите оние кои велат дека не функционира правосудството, туку дека правосудството е подлежно на влијанија на политичките партии и елити. 

Петрушевски се осврна на тоа дека СДС дојде на власт со паролата нема правда, нема мир, и дека не му било јасно како тоа досега додека беа СДС на власт

„СДС на власт дојде со паролата нема правда, нема мир, а претходно секојдневно на прес-конференции осудуваа лица. Тие беа и обвинители и судии и доказен материјал, и буквално дојдоа на власт со осудување на лица во 2017 година. Сега одеднаш слушаме од нивни високи функционери, како требало независно, како не смеело да се коментираат судските одлуки и итн. Имаа 7 години, да го реформираа правосудниот систем, да го реформираа јавното обвинителство”, дециден беше Петрушевски. 

Петрушевски заклучи дека реформи во судството мора да има, но со нови луѓе, а не со истите кои до сега работеле во интерес на минатата власт. 

„Едни од огромните виновници, зошто судството е во оваа ситуација во која што е се токму тие кадровски решенија кои беа носени од партискиот штаб на СДС, а ставани во Судскиот совет, во обвинителството”, заклучи Петрушевски.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила