Интегрален текст од прес конференција на Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:
Почитувани,
СДС и ДУИ ги злоупотребувале енергетските претпријатија за да испумпаат милиони евра народни пари на сметки на фирми блиски до нив.
Денес ќе презентираме фрапантни докази за милионски криминал во МЕПСО, за кој очекува ЈО да отвори случај.
МЕПСО под водство на Зуди Енуз, од фронтот на ДУИ, а поставен од СДС, на 26.06.2024 година склучил договор со албанската фирма Шанси Инвест за набавка на уред за корекција на напонски профил на 400kV во трансформаторска станица Дуброво во висина од 576 милиони денари, односно близу 10 милиони евра.
Буџетот за уредот за корекција во Планот за развој на електропреносниот систем на МЕПСО 2021-2030 година изнесува 2.8 милиони евра, истиот уред во договорот склучен со Албанската Шанси Инвест изнесува 5.864 милиони евра. Тоа се цели 3 милиони евра повеќе од предвиденото.
Дополнителнк загрижува фактот што Албанската Шанси Инвест на овој тендер учествува со Далековод АД Загреб, фирма за производство на таквиот вид на опрема, која се јавува како поголем партнер во конзорциумот. Имено се поставува прашањето, која е улогата на Албанската фирма кога опремата доаѓа и е произведена и може да биде монтирана од фирмата производител?
Дали Албанската Шанси инвест е тампон фирма за вадење на профитот од над 3 милиони евра повеќе од планираното?
Каде завршиле 3 милиони евра разлика?
Го повикуваме ЈО веднаш да отвори случај и да реагира.