Утрински Весник
Македонија

Петровска: Заминувањето на Заев не го реши проблемот – требаше да се смени и системот

Img 9063 Scaled.jpeg

Пратеничката и кандидатка за лидер на СДСМ, Славјанка Петровска денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека во 2021 година, по локалните избори, се сметало дека со оставката на тогашниот претседател на СДСМ и премиер, Зоран Заев проблемите во СДСМ ќе бидат надминати, но сепак се донело погрешна одлука.

„Можеби една од грешките во 2021 година, и тогаш имавме лош резултат на локалните избори, се сметаше дека само со оставката или повлекувањето на Зоран Заев од тогашен претседател и премиер во владата, дека проблемот ќе биде надминат, но очигледно е донесена погрешна проценка или одлука, или можеби недоволната анализа на резултатите тогаш доведоа до одредени процеси и затоа денес 2024 резултатите се катастрофални за СДСМ“, вели Петровска.

Таа додава дека не сака тоа да му се случува на СДСМ.

Во однос на тоа, поради што се одлучила да се кандидира за лидер на партијата, таа вели дека сега е времето.

„Мотивацијата за тоа да се кандидирам за претседател на СДСМ, освен стажот, пред се го црпам од тоа дека сега е времето, особено и заради овој лош резултат меѓутоа и заради сите општествени околности, но и сум подготвена да преземам одговорност да бидам предводник на реформите и предводник на промените кои неминовно мора да се случат“, порача Петровска.

Можете да прочитате

Министерот Филков во посета на затвор Идризово

Мицкоски се сретна со евроамбасадорот Гир

Англичанец паднал во Охридско, го спасила полицијата