Утрински Весник
Македонија

Петровска: За годинава предвидовме 100 милиони евра за модернизација на Армијата

Petrovska24info Scaled.jpg

Во интервју за порталот Независен.мк министерката за одбрана Славјанка Петровска меѓу другото зборуваше и за планот за набавка на оружје и опрема за модернизација на македонската Армија.

Целосната модернизација на армијата е предвидена во долгорочниот план за развој и „според проценките направени тогаш,  требаше да чини околу 900 милиони евра. Но, цените на воената опрема  се зголемуваат, па правиме нови проценки за тоа што треба и кои капацитети треба да ги зајакнење и сето тоа да го рефлектираме во буџетот на државата. Овој буџет што  го имаме  сега од 2,05 проценти од БДП што е е над границата  да биде доволен за тие потреби, но поради растот на цените и случувањата во светот ќе треба малку позабрзано да ја спроведуваме модернизацијата така што голема е веројатноста идната година да ни требаат уште повеќе сретства  за одбраната“ рече таа. 

Петровска посочи дека сите процеси, а особено крупните набавки што се предвидени и што значат драстична промена на капацитетите на армијата, се одвиваат според планот.

„Неодамна добивме позитивна вест од САД дека ни беше одобрена набавката на лесни оклопни возила JLTV  и на противоклопни системи “Javelin” , а вчера на седница на влада го предложив  договорот за набавка на хеликоптери. Изминатиот  месец интегрираниот проектен тим што беше задолжен  за оваа набавка интензивно работеше на договорот и на финалните преговори со компанијата „Леонардо“, така што тој процес успешно е завршен, постигната е поволна цена и е  обезбеден  поголем квалитет со обезбедената  дополнителна опрема. Цената за сите осум хеликоптери е 230 милиони евра и ќе се плаќаат постепено, а ќе бидат испорачани од август 2026 до 2028 година“ истакна министерката. 

Петровска посочи дека годинава за модернизација на армијата се обезбедени околу 100 милиони евра, што е околу една третина од вкупниот буџет на Министерството и што според неа, е многу повеќе во однос на претходните години.

„Анализата на претходните буџети покажа дека армијата во претходниот период  буквално  преживувала. Немало ни инвестиции ни поголеми буџети, при што имало  само неколку позначајни донации за униформи и за чизми, што покажува како се менаџирало со армијата,  дека таа и Министерството за одбрана немале буџет за развој, туку само за да се поделат плати. Сега веќе не зборуваме за набавка на чизми и на униформи зашто тоа е ставено во редовните планови и не треба да има воопшто дискусија дали има пари за тоа или не, бидејќи се подразбира“ заклучи Петровска.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор