Утрински Весник
Македонија

Петровска во седиштето на НАТО во Брисел го потпиша Договорот за придонес со VNC

Petrovska brisel.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел, го потпиша Договорот за придонес во Одделот за јавна дипломатија на НАТО, кој овозможува експерти од областа на стратешките комуникации и односи со јавноста во Министерството да дадат свој придонес кон развојот на областа за односи со јавноста во рамките на НАТО – Алијансата и истиот го предаде на помошникот на генералниот секретар на НАТО, Скот Бреи.

„Драго ми е што процесот кој го започнавме минатата година, денеска се официјализира и што четворица експерти од Министерството за одбрана во четири последователни ротации следните две години ќе можат да ги засилат капацитетите на Одделот за јавна дипломатија на НАТО – Алијансата”, рече министерката.

Борбата за вистината и за целите на НАТО како одбранбена Алијанса чија основна функција е заштитата на сојузниците и нивните граѓани, рече министерката, мора да биде јасно видена и слушната, а нашите експерти кои со својата работа овозможија Министерството за одбрана да се искачи на првото место според активната транспарентност во земјата и регионот, ќе бидат уште една силна додадена вредност за НАТО.

Северна Македонија својот придонес во Одделот за јавна дипломатија ќе го започне во мај 2024 година, во следните две години во четири шест-месечни ротации.

Можете да прочитате

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови

Работењето на ТИТАН Усје е под 24-часовен независен мониторинг, велат од компанија

Почина актерот Лазе Манасков – 24info.mk