Утрински Весник
Македонија

Петровска во Рамштајн: Со донациите на воена опрема, Македонија покажа дека е посветена кон поддршка на суверенитетот на Украина

Петровска во Рамштајн: Со донациите на воена опрема, Македонија покажа дека е посветена кон поддршка на суверенитетот на Украина

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на министерскиот состанок на Контакт-групата за Украина на која воведно обраќање имаа секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин и министерот за одбрана на Украина, Олекси Резников. При тоа со свои обраќања се вклучија голем број на министри за одбрана на земји-членки и партнери на НАТО и Европската Унија, високи воени претставници како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и
високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

dobivaj vesti na viber

На состанокот, министерката Петровска потенцираше дека со донациите на воена опрема, Северна Македонија на дело покажа дека останува посветена во поддршката на суверенитетот и интегритетот на Украина.

„Северна Македонија е солидарна со Украина, нејзините граѓани и нивната храбра борба за одбрана на својата држава. Мораме да останеме цврсти во нашата посветеност за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Веруваме дека не постои алтернатива на давањето целосна поддршка на Украина и нејзиниот народ“, истакна министерката Петровска на состанокот на Контакт-групата.

На состанокот кој беше поделен во три сесии, едногласно беше изразена поддршката за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Можете да прочитате

(Фото-Видео) Скопје во чад и мирис на пластика

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“