Утрински Весник
Македонија

Петровска во Брисел на состанок на земјите кои придонесуваат во Мисијата на зајакнато истурено присуство на НАТО во Латвија

Петровска во Брисел на состанок на земјите кои придонесуваат во Мисијата на зајакнато истурено присуство на НАТО во Латвија

НАТО останува одлучно во својата цел – одвраќање и одбрана на секоја педа сојузничка територија, факт кој може да се види и преку борбената група на т.н. Зајакнато истурено присуство во Латвија, како дел од напорите за посилно воено присуство во источниот дел на Алијансата.

dobivaj vesti na viber

Тоа беше заклучокот од денешната средба на министрите за одбрана на земјите членки кои придонесуваат во мултинационалните сили во Латвија, на која присуствуваше и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

„Нашето учество во мисијата во Латвија ја покажува нашата посветеност кон безбедноста и стабилноста на целата евро-атлантска област. Северна Македонија во моментов учествува со девет припадници од единицата за АБХО во Латвија и овој придонес ќе продолжи и во иднина со соодветни способности и капацитети“, рече Петровска на состанокот. Петровска информираше дека Северна Македонија се подготвува да даде свој придонес во мултинационалните сили во Бугарија и Романија, како доказ за нашата посветеност кон принципот на одбрана и одвраќање, на источното крило на алијансата.

Припадници од АРМ се дел од Зајакнатото истурено присуство во Латвија од јуни 2022 година во рамки на словенечкиот контингент каде рамковна нација е Канада.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР