Утрински Весник
Македонија

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ има одговорност за Онкологија, не презеле ништо за немањето биолошка терапија

Slavjanka1telma.png

И по седум, речиси, осум месеци од преземање на власта, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реториката дека виновен е СДСМ а недостатокот на лекови на Онкологија одговорност на власта е затоа што не превенирала и не презела ништо, истакна, пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма.

-Денеска имаме состојба на немање на лекови, на биолошка терапија, нешто што е неопходно за тие болни и факт е дека имаме повеќе изговори од власта, вклучително и за ова прашање, а ја немаме реалноста или зрелоста да се соочите со сакате наречете го управување, сакате наречете го владеење, јас ќе го кажам преземање на должност. Да се слушаат изговори повеќе од недела дена дека некој претходно бил крив, а да се продолжува со истото, за мене е неприфатливо. Во најмала рака, требаше некој да поднесе оставка. Директорите на клиниките се променети во јуни месец. Па, што правеа тие, ако не направија пресек на состојбата во нивната клиника, истакна Петровска.


Петровска нагласи дека власта не дава одговор како да се надминат овие ситуации, а имаше седум месеци и повеќе да превенира да не се случи ова што сега се случи.

Кажете го решението, одговорот, „не се секирајте ќе има за 2-3 дена, почекајте стрпете се е” премногу безобразен одговор, нагласи пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма. 

Таа истакна дека „власта ќе се посипе со пепел”, доколку се остварат најавите и биде склучен договор со истата компанија, како што има најави.

Можете да прочитате

Германски државјанин спасен откако се изгубил на Скопска Црна Гора

Во Собранието седница за пратенички прашања

Отровно растение од Тексас дојде во Неготино: Ако го забележите, веднаш алармирајте ги еколозите од “Ековита”