Утрински Весник
Македонија

Петровска: Сите теории на заговор на ВМРО-ДПМНЕ за наводно уништување на државата пропаднаа

Petrovska24info scaled.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од осамостаојувањето па до денес видовме бројни ситуации каде ВМРО-ДПМНЕ создаваше теории на заговор за уништување на нашата држава, порача носителката во шестата изборна единица на СДСМ и коалицијата Славјанка Петровска во емисијата Клик плус на ТВ21.

„По 32 години од осамостојувањето, Република Северна Македонија е целосна држава. Кај нас нема теории до Групчин и по Групчин, туку државата да е целосна. Тие теории на заговор дека еве само што не сме го изгубиле идентитетот, еве само што не снемало, гледате дека со години не проаѓаат. Овие террии на заговор ги имавме и 2020 година, ги гледавме и во 2018 година кога се потпишуваше Преспанскиот договор, за кој и тогаш и сега, СДСМ има јасен став. Велевме и велиме и јас велам, дека тоа беше една од историските многу тешки одлуки, но кога седиме на столчињата дали во владата, дали во Парламентот некогаш треба да носиме и историски и тешки одлуки. Во ниту еден момент кога бил во прашање СДСМ и изјаснувањето, токму заради оваа држава сме носеле храбри полиитчки одлуки, понекога и на штета на нашиот партиски рејтинг, што не можеме да го кажеме за ВМРО-ДПМНЕ“ рече Петровска.

Таа потсети и на бројните блокади на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

„И во 2020 година, тогаш и ја бев пратеничка во собранието, кога за многу важни работи за решенија со кои требаше да им се помогне и на граѓаните и на стопанството се сеќавате дека токму ВМРО-ДПММЕ го блокираше нивното изгласување. Врв на патриотизам не е само да зборувате дека државата треба да оди напред, туку врв на патриотизам е да преземете тешка одлука за државата да оди напред“ порача Петровска. 

Можете да прочитате

Има загинати во возилото што падна во Радика

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено

Тошковски: МВР со посебен план за претстојната зимска туристичка сезона во Маврово