Утрински Весник
Македонија

Петровска: Сега е ред на македонската економија да ја искористи шансата за приклучување во НАТО

81b9b390 5c1a 4a2d A717 E7594c05d17f.jpg

Македонската Армија гради капацитети со кои ја гарантира националната, но и допринесува за колективната безбедност на Алијансата, сега е редот и македонската економија да ја искористи шансата за приклучување на НАТО пазарот, рече во обраќањето на настанот НАТО Индустриски ден, министерката за одбрана Славјанка Петровска.

„Кога ќе се спомне НАТО секогаш прва асоцијација е безбедност и стабилност и многу често кога зборуваме за нашето членство во Алијансата зборуваме за инвестициите кои ги правиме во одбранбените капацитети, опремување и модернизација, исполнување на НАТО целите на способност. Многу поретко зборуваме за останатите придобивки кои се подеднакво важни, членстовто во НАТО има и друга димензија, а тоа е можниста македонските компании, рамноправно да се натпреваруваат со сите останати компании во земјите члени во нудењето на производи и услуги за потребите на Алијансата. Станува збор за значаен пазар од околу 5 милијарди евра на годишно ниво кој не смееме да го пропуштиме. Мораме да бидеме амбициозни, да се натпреваруваме со квалитет и со капацитети и да докажеме дека македонските компании технолошки и развојно можат да одговорат на барањата и да бидат конкурентни со компаниите во сојузничките земји“ рече Петровска. 

Петровска истакна дека секоја година се зголемува бројот на компаниите кои се впишуваат во регистарот на економски оператори во НАТО, но дека се уште има уште непополнет простор.

„Ме радува фактот дека секоја година сè поголем број компании во Северна Македонија изразуваат интерес да се впишат во регистарот на економски оператори и да добијат потврда за исполнетост на услови за учество во постапките за набавки за потребите на НАТО и земјите – членки. Но, тоа не е доволно, следниот наш заеднички предизвик е зголемено учество во НАТО пазарот, свесни дека секој почеток е тежок, Министерството за одбрана е партнер кој е подготвен да им помогне на компаниите, пристапот до овој пазар да биде поедноставен, но и поефикасен и поуспешен. И токму затоа го организиравме и денешниот настан каде ќе имате можност детално да се информирате за процедурите, за пристапот до НАТО пазарот.На самиот крај сакам да им се заблагодарам на тимовите од НАТО агенциите предводени од генералната менаџерка на НАТО Агенцијата за поддршка и набавки Стејси Камингс и шефицата за набавки во НАТО Агенцијата за комуникации и информации Џенифер Аптон што допатуваа во Скопје, и што се подготвени  да им помогнат на македонските компании да бидат дел од овие набавки. Тоа е пример за сојузничка соработка и поддршка од која полза има секоја земја членка и целата Алијанса“ порача Петровска.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје