Утрински Весник
Македонија

Петровска: Продолжува санацијата на сидриштето пред Центарот за обука на вода во Охрид

20240309115830 Big 730x400 1.webp.webp

Санирањето на сидриштето за пловила пред Центарот за обука на вода на АРМ во Охрид ќе продолжи, откако за тоа се добиени сите позитивни мислења од надлежните институции дека зафатот нема негативно влијание врз животната средина, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Петровска која денеска беше во Охрид, пред медиумите појасни дека сидриштето што се користи за пловила на Министерството и на други субјекти, се очекува да биде готово за 45 дена, согласно договорот склучен со изведувачот.

Министерката посочи дека по увид во состојбата од пред повеќе од година дена констатирано било дека сидриштето е во мошне лоша состојба, а употреба во таква состојба претставува опасност по сите што го користат.

Поради тоа Министерството на одбрана спроведе јавна набавка за реконструкција на сидриштето, избран е најдобриот понудувач, но поради забелешки од страна на невладина организација дека реконструкцијата неповолно ќе влијае врз животната средина и еко-системот на Студенишкото блато каде се наоѓа и самиот Центар за обука на вода на АРМ, по што реконструкцијата беше стопирана.

– Се обративме до Министерството за животна средина, до Управата за заштита на културните споменици и УНЕСКО, кои по увидот во документација и елаборатот за заштита на животна средина, констатираа дека нема опасност по животната средина и добивме дозвола да продолжиме со реконтрукцијата, рече Петровска изразувајќи уверување дека проектот ќе биде реализиран во предвидениот рок.

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал