Утрински Весник
Македонија

Петровска: Поддршката за Украина одеше билатерално

Screenshot 5 12 1024x572.avif.avif.avif

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска во гостување на 4TV.mk, во емисијата „4 години од војната во Украина“, изјави дека комуникацијата околу донирањето воена опрема за Украина се одвивала првенствено на билатерално ниво.

Таа посочи дека координацијата се реализирала преку украинската амбасада, од каде биле доставувани информациите за потребите на украинската армија.

„Комуникацијата одеше на билатерална основа, преку Украинската амбасада. Така ги добивавме информациите за потребите на украинската војска“, рече Петровска.

Подоцна, како што објасни, под покровителство на американскиот секретар за одбрана била формирана т.н.р. Рамштајн група, односно Контакт групата за одбрана на Украина, која се состанувала неколку пати годишно за координација на поддршката.

Можете да прочитате

Петровска: Поддршката за Украина одеше билатерално

Сведоштво на Дмитро Олијник во 4TV.mk: Од бомбардирањата во Днепар до безбедноста во Скопје

Украински новинар од Лавов: Без прекин на огнот нема избори – Зеленски и Залужни можни главни ривали