Утрински Весник
Македонија

Петровска на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел

Петровска на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска и утре во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана, како и на повеќе состаноци кои се организираат на маргините на министерската средба.

dobivaj vesti na viber

На министерскиот состанок се очекува да стане збор за подготовките за претстојниот НАТО Самит во Вилнус, Литванија во јули 2023 година, како и за чекорите за зацврстување на концептот на Алијансата за одбрана и одвраќање, а ќе стане збор и за потребата за одржување на вложувањето во одбраната со минимум 2% од бруто-домашниот производ.

Денеска, Петровска ќе учествува на состанокот на Контакт групата за Украина предвоена од САД, на Комисијата НАТО – Украина каде учество ќе земат и министрите за одбрана на Шведска и на Украина како и високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, а ќе се сретне и со колегите-министри за одбрана од земјите на САД-Јадранската повелба.

Министерката во седиштето на НАТО ќе учествува и на состанок посветен на мултинационалните сили на НАТО во Латвија под раководство на Канада, каде македонски војници се дел од словенечкиот контингент.

За време на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, планирани се и повеќе засебни средби со министри за одбрана од сојузничките земји.

Можете да прочитате

Јанчев од Левица: Барајте од другите пратеници поддршка за амандманот за прогласување на Кожуф за национален парк

(Видео) Три хеликоптери утрово повторно дејствуваат на пожарот кај Блаце

Денес и утре (понеделник – вторник 7/8 јули) повторно над 40 степени!