Утрински Весник
Македонија

Петровска: Мнозинството одби закон за електронски нараквици за заштита на жените

Sobranie 1.webp.webp

Мнозинството во Собранието денеска одби да го стави на дневен ред на денешната седница предлог Законот за спречувања и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, поднесен од пратеничката Моника Зајкова и други пратеници.

За предлогот, покрај Зајкова гласаа и пратениците од СДСМ, ДУИ и присутните пратеници од Левица.


По неусвојувањето на предлогот со реакција се јави и пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.

„Срамота, парламентарното мнозинство одби закон, предложен од колешката Моника Зајкова со кој се заштитуваат жените.

На толку жртви на семејно и родово базирано насилство, мнозинството одлучи да молчи. Барем пратеничките да се одважеа и да гласаа“ напиша Петровска на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Нов случај на измама во Тетово

Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

На 30 март почнува судењето против Стојанче Николовски