Утрински Весник
Македонија

Петровска: Лично Мицкоски ги одобрува мафијашките престрелки, затоа се слика со криминалци

Img 3919.jpeg

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил утрово објави фотографии од премиерот Мицкоски заедно со Борис Мутков – Фантом, кој според неа е лик познат во подземјето. Таа вели дека вчерашната престрелка во населбата Сингелиќ е всушност „испраќање порака кој е кој“ токму од Фантом. Петровска тврди и дека братот на Фантом е дел од обезбедувањето на Мицкоски.

Петровска во објавата наведува дека Мицкоски лично ги одобрувал мафијашките пресметки низ градот.

„Утрово ново убиство, нова пресметка. Додека Мицковски се фотографира и се смешка, пукање и мафијашки престрелки на секој чекор. Лично Мицковски стои и ги одобрува овие мафијашки престрелки, затоа и одбра вчера на големиот христијански празник Преображение, пред Божји храм да се фотографира со Борис Мутков – Фантом, познат лик на скопското подземје. Наместо да ги апсат, тие се фотографираат и смешкаат. Вчерашната престрелка во Синѓелиќ, е всушност пресметка зад која стои Фантом и праќа порака кој е кој. Доказ дека блискоста на Фантом со Мицковски не е монтирана е и фактотот што братот на Фантом е дел од обезбедувањето на Мицковски. Очигледно е дека ДПМНЕ продолжува таму каде што Груевски застана, и затоа многу пократко ќе траете“ пишува пратеничката Петровска.

Можете да прочитате

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности