Утрински Весник
Македонија

Петровска: Да работиме заедно за да ја развиеме технолошката интероперабилност која ја зацврстува безбедноста

Петровска: Да работиме заедно за да ја развиеме технолошката интероперабилност која ја зацврстува безбедноста

Влијанието на технологијата врз безбедноста, потребата да се задржи технолошката предност и постигнувањето на целосна технолошка интероперабилност беа темите на кои се осврна министерката за одбрана, Славјанка Петровска на отворањето на 51-та панел средба посветена на технологијата на информациските системи, организирана од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

dobivaj vesti na viber

Петровска порача дека евроатлантската област се соочува со предизвици во доменот на новите технологии и дигиталната трансформација.

„Со развојот на новите технологии ние можеме да изнајдеме решенија за различни проблеми и предизвици, од загадувањето на воздухот и климатските промени, до предизвиците во сајбер-просторот. Но, онака како што овие технологии го обликуваат начинот на кој комуницираме и ја зголемуваат нашата ефикасност, така тие нè прават и поранливи. Нашата зависност од технологијата побарува изградба на функционален, одржлив и отпорен технолошки одбранбен систем“, рече министерката.

Истакна дека клучни во развојот и одржувањето на технолошката предност се единството, солидарноста и кохезијата помеѓу сојузниците, зашто нашата заедничка цел е развој на технолошката интероперабилност.

„Форумите како денешниот каде разменуваме знаења, најдобри практики и експертиза се витални за технолошкиот развој во Алијансата. Мораме да останеме обединети и да си помогнеме меѓусебно на ова поле“, рече Петровска.

Панелот посветен на технологијата на информациските системи е дел од активностите на Организацијата за наука и технологија на НАТО, а учесници се 60 претставници од сојузничките земји.

Можете да прочитате

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско