Утрински Весник
Македонија

Петровска ја почна камапањата за лидер на СДСМ од Бутел

448022183 1245197663469710 7115602029665180361 N.jpg

Ексминистерката за одбрана и актуелна пратеничка на СДСМ, Славјанка Петровска, вчера официјално ја започна кампањата за претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

На стартот на кампањата, која ја започнала од Општинската организација на СДСМ во Бутел, Петровска ја презентирала програмата насловена како „Манифестот за Социјалдемократија“.

„Го презентиравме ‘Манифестот за Социјалдемократија’ програмата со која планирам големи реформи во СДСМ и да го вратиме победничкиот дух, затоа што тоа е за доброто на државата. Благодарам на сите за масовата поддршка на првиот ден од кампањата“,пишува Петровска во објавата на Фејсбук во која информира за стартот на кампањата.

Петровска е една од четирите кандидати за лидер на СДСМ покрај есминистерот и пратеник Венко Филипче, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, и актулениот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

Можете да прочитате

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

Филипче: Бошњачката заедница е нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество

ВРЕДИ – КУМАНОВО: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ