Утрински Весник
Македонија

Петок неработен ден за сите граѓани

Makedonsko Zname.jpg

Министерството социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2024 година (петок), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството на граѓаните им го честита Денот на народното востание.

На 11 Октомври се чествуваат 83 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ . Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ.

Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

Можете да прочитате

Обид за палење на синагога во Скопје

Вчера двајца уапсени за семејно насилство

Вчера уапсени пет возачи низ Македонија