Утрински Весник
Свет

Петнаесетта година по ред се намалува бројот на население во Јапонија

Aponi A.webp.webp

Вкупната популација на Јапонија во 2023 година опаѓа 15-та година по ред, за повеќе од половина милион луѓе, поради стареењето на населението и намалениот број на новороденчиња, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.

Бројот на раѓања во Јапонија минатата година достигна рекордно ниско ниво од 730.000, а имаше 1,58 милиони смртни случаи.

Јапонија сега има 124,9 милиони жители. 

Истражувањата покажуваат дека помладите Јапонци не сакаат да стапат во брак или да имаат деца, поради послабите можности за работа, високите трошоци за живот, кои растат побрзо од платите и корпоративната култура која им става дополнителен товар на жените и мајките кои работат.

Владата одвои 5,3 трилиони јени (34 милијарди долари) како дел од буџетот за 2024 година за финансирање на стимулации за младите парови да имаат повеќе деца, како што се зголемените субвенции за грижа и образование, и се очекува да потроши 3,6 трилиони јени (23 милијарди долари) од даноците годишно во следните три години.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж