Утрински Весник
Свет

Петмина загинати во руски напад во источна Украина

20240824152052 Big 730x400 79.webp.webp

Најмалку пет лица загинаа денеска, а уште пет се повредени во руски напад врз градот Константиновка во источна Украина, објави регионалниот гувернер на областа Доњецк, Вадим Филашкин.

Според него, на местото на нападот работат спасувачки и полициски екипи.

„Повторно ги повикувам сите: внимавајте, евакуирајте“, напиша Филашкин на Телеграм, без да даде повеќе детали за нападот.

Константиновка се наоѓа во близина на зоната на активни борби во областа Доњецк, каде руските сили напредуваат со месеци.

Во последниве недели, руската офанзива забрза, при што московските трупи немилосрдно напаѓаат кон градот Покровск, важен логистички центар кој моментално е главниот епицентар на борбите

Можете да прочитате

Русија: САД треба да се откажат од „јазикот на ултиматуми“ кон Иран

Млад човек почина откако беше застрелан за време на полициска потера во Германија

Украина ги отфрла обвинувањата дека е поврзана со откриениот експлозив во Србија