Утрински Весник
Свет

Петмина загинати во пожар во нелегален хостел во Полска

Hostel polska.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пет лица загинаа во пожар што избувна во хостел без дозвола за работа во јужна Полска, соопштија денеска властите, откако пожарот бил целосно изгаснат.

Дванаесет возрасни лица биле евакуирани од запалената зграда, соопштија противпожарните служби во малиот шлески град Пшув (Pszów).


Пожарот избувнал доцна синоќа.

Кога пожарникарите пристигнаа на местото на несреќата, целиот објект – двокатница со поткровје – бил веќе во пламен, изјави портпарол на противпожарната служба.

Огнот се проширил многу брзо, поради што, според првичните проценки, петтемина загинати најверојатно не успеале навреме да се евакуираат.

На терен биле испратени вкупно 120 пожарникари со 34 возила, соопшти на мрежата Икс (поранешен Твитер) портпаролот на полското Министерство за внатрешни работи, Јацек Добржински.

Според полската телевизија TVN24, во хостелот престојувале градежни работници.

Началникот на регионалната управа изјавил дека операторот на хостелот немал дозвола за вршење дејност.

Можете да прочитате

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана во услови на големи тензии со Кина

Папа Лав Четиринаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат