Пет млади лица исчезнале ноќта меѓу петокот и саботата кога се враќале од ноќно излегување во Њупорт. По дводневна потрага полицијата пронашла тела на тројца од нив, а двајца итно се хоспитализирани.
Софи Рејсон (20), Ајв Смит (21) и Дарси Рос (21) последен пат биле видени во бар во раните утрински часови во саботата. Полицијата верува дека трите девојки влегле во џип „фолксваген тигуан“ со уште двајца млади момчиња, Рафаел Џин и Шон Лонглин, откако излегле во петокот.
Никој не е виден од 2 часот по полноќ во саботата, откако Дарси и Рафаел ги објавија фотографиите на Snapchat.
Полицијата конечно го пронајде автомобилот во кој последен пат биле видени петте млади лица. Тројца од нив, чие исчезнување во меѓувреме е пријавено, се пронајдени мртви, додека две лица се пренесени во локалната болница во тешка состојба.
Полицијата верува дека починатите учествувале во сообраќајна несреќа рано наутро во саботата, кога нивниот автомобил излетал од патот, пренесува „Мирор“.
Сестрата на Ајви, Лорена, преку објава на Фејсбук потврди дека нејзината сестра за жал починала.
„Ви благодарам на сите за поддршката. Нема да одговарам на пораките, да се обидеме како семејство да ја прифатиме оваа страшна вест“, напиша таа.
Во меѓувреме се огласи мајката на Софија, Ана, која е бесна на полицијата бидејќи навреме не почнале да ги бараат нејзината ќерка и нејзините пријатели. Таа вели дека била очајна кога нејзината ќерка исчезнала и сама со својот автомобил ја пребарала областа.
„ Решив сама да ги барам откако полицијата ми рече да престанам да им се јавувам и да прашам дали има новости. Ќерка ми не излегуваше често, знаев дека нешто не е во ред, нема туку така да замине”, рекла Ана.
Ана рече дека Ајв, Софи и Дарси се пријатели уште од мали нозе. Таа вели дека последен пат се слушнала со ќерка си во петокот попладне кога Софи и кажала дека излегува со другарките.