Утрински Весник
Спорт

Петмина ќе го напуштат Манчестер јунајтед

Петмина ќе го напуштат Манчестер јунајтед
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, по завршувањето на сезоната решил да се откаже од услугите на пет играчи.

dobivaj vesti na viber

„Мирор“, тврди дека од наредната сезона дел од Манчестер јунајтед нема да бидат Хари Мегваер, Ентони Марсијал, Скот Мектомини, Алекс Телс и Ерик Баи. Првите тројца се во клубот, додека Телес и Баи се на позајмици во Севилја, односно Марсеј.

„Тен Хаг веќе почна да планира голема чистка на крајот на сезоната. На списокот има пет фудбалери, а меѓу нив е и Мегваер, кој е капитен на клубот. Некои од нив станаа технолошки вишок по доаѓањето на Вут Вегхорст и Марсел Сабицер, а некои фудбалери едноставно не успеаја да се наметнат“, пренесува „Мирор“.

Манчестер Јунајтед е на третото место на табелата во Премиер лигата со 42 бода.

Во наредните денови, клубот треба да ја реши и судбината на Мејсон Гринвуд, кој беше ослободен од обвиненијата за силување.

„Сан“ пренесува дека играчите на клубот се подготвени да ја прифатат одлуката на клубот, каква и да е таа, но преовладува мислењето дека неговото враќање би ја нарушило добрата атмосфера во тимот.

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини