Утрински Весник
Македонија

Петков: Денеска гласав затоа што не сакам моите две ќерки да студираат во странство, а сакам третата ќерка да се врати во Бугарија

Петков: Денеска гласав затоа што не сакам моите две ќерки да студираат во странство, а сакам третата ќерка да се врати во Бугарија

Денеска во Бугарија се одвиваат парламентарни избори, но надежите дека ќе се состави политичка влада се минимални.

dobivaj vesti na viber

Прв кој денеска се огласи дека го остварил своето избирачко право е поранешниот бугарски премиер, Кирил Петков, јавува Нова.бг.

„Нема спасител и тоа зависи од секој од нас. Денеска гласав затоа што не сакам моите две ќерки да студираат во странство. Сакам мојата трета ќерка да се врати во Бугарија“. Ова го изјави копретседателот на ПП-ДБ Кирил Петков по остварувањето на своето право на глас за 49. Народно собрание.

„Сакам да патувам за Варна не за пет, туку за три часа. Гласав за нормална европска влада, здравство, патишта, образование“, ги објасни своите причини.

Можете да прочитате

Пресечен транспорт на дрога во близина на Градско, две лица лишени од слобода, следува кривична пријава

ВЛЕН: АХМЕТИ СИ НАПИША ПИСМО САМ НА СЕБЕ! 

Армијата ќе добие ново вооружување