Утрински Весник
Македонија

Петиција за државна рефундација за бебешки пелени за самохрани родители во организација на Здружението Хуманитарни акции

00000001 393 660x411 1.webp.webp

– Во организација на Здружението Хуманитарни акции утре ќе биде отворен Василичарски хуманитарен пункт за донирање на социјално ранливите категории, на кој ќе се потпишува петиција за државна рефундација за бебешки пелени за самохрани родители и родители од социјално ранливата категорија.

Како што информираше денеска претседателот на Здружението Хуманитарни акции Владимир Чолаконски Преспански, процентот на самохрани родители во последните десет години е значително зголемен, додека цените на бебешката исхрана и бебешките пелени се зголемени за 100 до 150 отсто.


-Процентот на самохрани родители е зголемен во последните 10 години, а со тоа и процентот на побарување на бебешки пелени кои ние повеќе не можеме да ги издржиме.

Затоа утре потпишуваме петиција за државна рефундација за бебешки пелени за самохрани родители и за нови родители од социјално ранлива категорија.

Потребна ни е помош од државата, засега сме преку 50 здруженија.

Можеби некому ова е смешно, но ние бидејќи работиме со повеќе од 15,000 случаи во Македонија ви кажувам дека цените за бебешката исхрана и бебешките пелени се зголемени за 100 до 150 отсто и една самохрана мајка не може да го издржи тоа, ќе мора државата конечно да излезе во пресрет на оваа петиција и да помогнеме во еден битен момент во растењето на едно бебенце и соијално ранливите граѓани, посочи Чолаковски Преспански.

Вели петицијата има повеќе точки, меѓу нив и формирање на комисија каде ќе членуваат претставници од невладиниот сектор и државата, како и претставник од Агенцијата за вработување, кои ќе ја утврдуваат тековната состојба на секој барател.

Доколку државата не излезе во пресрет на ваквата иницијатива, Чолаковски Преспански вели ќе упатат апел до македонската дијаспора која ги поддржува, како и невладините организации од Европската унија и ќе бараат дозвола за влез во државата на хуманитарни конвои.

-Петицијата има повеќе точки, една од нив е да се направи Комисија од невладиниот сектор и државата, каде што ќе членува претставник од АВРМ, додека за секое барање за оваа државна рефундација ќе има потврда од Министерството за демографија и млади и Агенција за вработување и ќе се гледа тековната состојба на секој барател.

Ние лично доаѓаме ги гледаме случаите и знаеме дека потребна е помош, но сметајте дека ова е голем трошок и немаме доболно спонзори за оваа проблематика.

Ќе направиме професионална комисија ако има желба од државата, ако не ние ќе упатиме апел до нашата дијаспора што нѐ поддржува и невладините организации од Европската унија да ни дозволат влез на хуманитарни конвои еднаш месечно, рече Чолаковски Преспански.

Гоце Делчев Тодев од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) посочи дека планирани се одредени активности заедно со Хуманитарни акции, со кои ќе излезат во пресрет на членовите на КСОМ, кои имаат примање во износ од една минимална плата.

– Одредени активности во 2025 година ги започнуваме заеднички со Здружението Хуманитарни акции за да им излеземе во пресрет на членовите на самта Конфедерација, членови кои во последно време се во огромен број, затоа што се шират Синдикалните организации.

Синдикатот помеѓу другото е и за да им помогне на ранливите категории кои имаат одредени парични износи како плата во граница на минималната плата, а синдикалната кошничка за живеење на едно семејство е далеку поголема од минималната плата која со закон е гарантирата за еден член во семејството, рече Делчев Тодев.

Можете да прочитате

Муцунски: Нашиот пристап е да бидеме најдобрата влада пред граѓаните, но и во очите на нашите европски партнери во делот на испорачаните реформи

Сајкоски: Комисијата за избори и именувања не е надлежна самата да презема нешто околу интерпелацијата за Даути

Муртезани и Фидан: Заедничка визија за силен Балкан и европска иднина