Утрински Весник
Магазин

Пет раси на кучиња кои одлично се сложуваат со мачки

Пет раси на кучиња кои одлично се сложуваат со мачки

Познато е дека кучињата и мачките се големи непријатели поради нивните борбени инстинкти. Веројатно затоа настанала изреката кога двајца се расправаат дека се „како мачка и куче“. Сепак, овие две животни всушност можат да живеат заедно и да станат најдобри пријатели.

dobivaj vesti na viber

Ако веќе имате куче и сакате да вдомите мачка или обратно, нивното запознавање и заедничкиот живот не мора да бие проблем бидејќи постојат некои раси кучиња кои одлично се согласуваат со мачките.

Ова се пет раси на кучиња кои би можеле доста хармонично да живеат со другите четириножни пријатели.

Златен ретривер – најпопуларните семејни кучиња, познати по својата нежна природа, прифаќаат и мачки како членови на семејството. Сепак, златниот ретривер треба да се однесе на тренинг бидејќи во спротивно тој постојано сака да игра, ќе ја брка мачката и ќе ѝ стане досаден. Меѓутоа, штом ќе успее да се социјализира со мачката, тие двајца можат да бидат совршена комбинација.

Лабардор ретривер – уште едно поуздано семејно куче кое воопшто не е борбено и сака да го гушкаат. Лабрадор ретривер со задоволство ќе пречека мачка во својот дом и веднаш ќе се дружи. Ова куче сака да поминува време со деца и мачки.

Бигл – оваа раса претходно била позната како ловечки кучиња, па не е чудно што сакаат да бидат опкружени со друштво, дури и ако се работи за мачки. Луѓето ги сакаат биглите поради нивната топла, дружељубива природа. Проблем може да настане само ако ги има повеќе, па поради играта заедно почнуваат да ја ловат мачката.

Пудлица – елегантните и префинети дамски пудлици можат да бидат одлични цимери со мачките. Има две опции како ќе се однесуваат со нив: или ќе играат заедно или ќе се преправаат дека мачето не ни постои. Пудлиците се заштитнички настроени кон своето семејство, па веројатно овој инстинкт ќе го пренесат на мачката.

Малтезер – малтешката пудлица сигурно нема да ја испровоцира мачката затоа што таа обично е окупирана со одмарање и ленчарење, па нема ни да ја забележи. Во оваа комбинација, мачката би можела да биде провокатор бидејќи може да ги задева малтезерите. Меѓутоа, ако внимателно се запознаат, не би требало да има никакви проблеми.

 

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста