Утрински Весник
Свет

Пет германски туристи загинале во лавина на Алпите

Alpi.jpg

Три жртви – двајца мажи и една жена – биле пронајдени мртви во саботата, додека телата на уште две исчезнати лица, еден маж и неговата 17-годишна ќерка, биле пронајдени утрово.

– Лавината ги однесе во долниот дел од клисурата каде што се случи несреќата. Спасувачите сега се враќаат во долината поради влошување на временските услови на голема надморска височина – изјави портпаролот на планинската спасувачка служба, Федерико Катанија.


Несреќата се случила во саботата околу 16 часот, во близина на врвот Чима Вертан, во масивот Орталес, на надморска височина од над 3.500 метри.

Како што објавува „Индепендент“, планинарите се движеле во три одделни групи, независно еден од друг.

Двајца мажи ја преживеале лавината и биле однесени со хеликоптер во болница во градот Болцано.

Јужен Тирол е популарна дестинација за германските туристи и ентузијасти за планинарење. Највисокиот врв во тој регион е Орталес, кој се издига на 3.905 метри.

Лавините се чест проблем во италијанските Алпи, пишува Вечерње новости.

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија