Утрински Весник
Македонија

Пет дечиња од Кичево останаа без татко им откако почина, мајката ги напуштила

Uploads Thumbs Resize 800x420 674519.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона Јовановски итно им е потребна помош, особено во овој предновогодишен период, кога нивните врсници очекуваат пакетче од Дедо Мраз.

Роднината, чие име ѝ е познато на редакцијата на Канал 5 на апликацијата за помош GoFundMe апелира до сите хумани луѓе за помош на нејзините пет внучиња од Кичево.


„Трагично, мојот братучед, 35-годишен, почина во сон (мозочен удар), оставајќи 5 мали деца на возраст од 3 до 8 години: Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона.

Тој беше единствениот вработен во семејството; мајката ги оставила децата пред 3 години и не е заинтересирана да се грижи за нив. Помогнете му на ова семејство со трошоците за погреб и финансиска помош за децата. Социјалната помош ќе биде тешко остварлива некое време бидејќи мајката не е во земјава. Децата моментално живеат со баба со хендикеп и помлад вујко, тие сакаат да ги задржат и посвојат децата.

Сè што ќе им биде од помош, им треба храна, медицинска нега, платена комунална услуга, облека итн.

Ви благодарам и Бог да ве благослови.“ стои во објавата на роднината.

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје