Утрински Весник
Свет

Песков: Турски тек има голем потенцијал за проширување

Песков: Турски тек има голем потенцијал за проширување
Dik 300x250 mk

Гасоводот Турски тек има голем потенцијал за проширување доколку е потребно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Турција во моментов е една од земјите на кои Русија испорачува најголемо количество гас и поседува еден од најголемите гасоводни системи „Турски поток“, кој има голем потенцијал за проширување доколку е потребно“ посочи Песков, пренесе „ТАСС“.

Портпаролот на Кремљ изјави дека прашањата поврзани со снабдувањето со гас се на агендата на контактите на највисоко и работно ниво меѓу Москва и Анкара.

Тие контакти вклучуваат различни формати на соработка кои бараат континуирана комуникација, посочи Песков.

Според него, позицијата на Турција се разликува од заедничката позиција на Западот и таа ја задржува позицијата на посредник, а сепак ги одржува трговските и економските врски со Русија, бидејќи таа не воведе санкции кон Москва.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим