Утрински Весник
Свет

Песков: Руската војска го зазеде Покровск по една година борби

20251202073903 big 730x400 57.webp.webp

Руската војска го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Доњецк, што го нападна пред околу една година, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков рече дека претседателот Владимир Путин е информиран за новата ситуација на теренот, додека засега нема потврда од Киев.

Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот Харков.

Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Париз рече дека интензивните борби продолжуваат околу Покровск и во Харков.

Набљудувачите сугерираат дека руското соопштение за воените придобивки би можело да биде темпирано пред денешната најавена посета на американскиот специјален етставник Стив Виткоф на Москва, додека Кремљ се обидува да покаже напредок пред разговорите за евентуален мировен план.

Можете да прочитате

Путин и Трамп разговараа телефонски за Иран, Украина и Венецуела

Пад на цената на нафтата на светските берзи под 90 долари

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран