Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Песков: Русија ги сака само оние територии кои се уставно нејзини

Песков: Русија ги сака само оние територии кои се уставно нејзини
Img 7972

Русија сака да ги контролира само оние територии кои се уставно нејзини, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

На прашањето на новинарот, кој го интервјуираше за „Њујорк тајмс“, дали Русија сака да додаде уште украински територии, тој одговори негативно.

-Не. Ние само сакаме да ја контролираме територијата што е запишана во Уставот како наша, рече Песков, пренесуваат руските медиуми.

Референдуми за приклучување кон Русија беа одржани во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон во септември минатата година, кога мнозинството жители го поддржаа потегот.

На 30 септември 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин и шефовите на тие региони потпишаа договори за пристапување кон Русија, а на 4 октомври 2022 година Путин ги потпиша законите за ратификација на договорите.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД