Утрински Весник
Свет

Песков: Мобилизацијата заврши

Песков: Мобилизацијата заврши

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска соопшти дека на Москва не и е потребен посебен претседателски декрет за прекин на делумната мобилизација.

dobivaj vesti na viber

„По најавата на министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека делумната мобилизација е завршена, мораме да кажеме дека нема потреба од декрет. Делумната мобилизација е завршена. Точка“ – рече Песков, пренесува ТАСС.

Портпаролот на Кремљ додаде дека Шојгу испратил наредба до релевантните службеници за регрутирање да ја прекинат кампањата и да престанат да испраќаат покани.

На прашањето дали е можно повторно да се користи претседателскиот указ доколку е потребно да се мобилизираат дополнителен број војници, Песков одговори дека се регрутирани 300.000 луѓе и дека се исполнети одредбите од указот.

Претседателот на Русија, Владимир Путин на 21 септември потпиша указ за делумна мобилизација.

Можете да прочитате

И Салвини со поддршка за Орбан по директните закани на Зеленски кон унгарскиот премиер

Цените на нафтата нагло пораснаа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон