Утрински Весник
Свет

Песков: БРИКС не бара нова валута, туку заеднички инвестициски платформи

Peskov.jpg

Членовите на БРИКС не разговараат за воспоставување заедничка валута, туку за создавање нови инвестициски платформи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Факт е дека во БРИКС не се зборува за создавање заедничка валута, ниту пак некогаш имало. Се зборува за создавање нови заеднички инвестициски платформи кои ќе овозможат заеднички инвестиции во трети земји“, рече Песков за новинарите во врска со изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека земјите од БРИКС треба да се обврзат да не создаваат нова валута што ќе го замени американскиот долар.


Трамп рече дека САД, доколку дојде до тоа, ќе воведат царини од 100 отсто на тие земји, пренесува Танјуг.

Трамп, исто така, претходно ги предупреди земјите од БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – да не бараат замена за доларот како светска валута.

Можете да прочитате

Администрацијата на Трамп ќе депортира 341 Македонец

Нов предизвик со парацетамол на Тикток – предупредување за ризичност

Севернокорејците повлечени од линијата на фронтот во Русија, пишува „Њујорк тајмс“