Утрински Весник
Македонија

Периодот февруари – април носи нова опасност од поплави на Балканот

Meteoalarm.mk 20.jpeg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Многу влажниот период со чести и обилни врнежи од дожд и снег на планините продолжува  и во следните месеци според најновото ажурирање на прогностичките материјали. Во периодот февруари / април 2026 година многу често ние на Балканот ќе бидеме под влијание на циклонски активности а со тоа  и очекувам појава на чести и обилни дождови а со повремените заладувања и продори на ладен воздух од север очекувам и појава на снег освен на планините  и повисоките места, можна појава на снег ќе имаме  и во пониските места (градовите).

Во периодот февруари / април 2026 повторно пости опасност од поплави во поширокиот дел од Балканот влкучувајќи ја  и Македонија, особено западна Македонија гледано според моменталната состојба на прогностичките материјали. Се на се, граѓаните навремено да се подготват за очекуваните нови обилни дождови и снегови и поради новата опасност од излевање на реките  и од поплави во Македонија како и во поширокиот дел од Балканот.

Можете да прочитате

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа