Утрински Весник
Спорт

Перез казнет, но му остана победата во Сингапур

Перез казнет, но му остана победата во Сингапур
Dik 300x250 mk

Стјуардите на Сингапур ГП трката го казнија возачот на Ред бул рејсинг, Серхио Перез со 5 секунди поради прекршување на правилата за возење зад безбедносното возило, но 5-секундната казна значи дека тој сепак, ја заддржува победата бидејќи заврши 7.5 секунди пред Шарл Леклер во Ферари.

dobivaj vesti na viber

Мексиканскиот возач беше убедливо најдобриот во Сингапур, каде што водеше од првиот круг кога го помина освојувачот на пол-позицијата Леклер, и пото ја контролираше трката и покрај инцидентите зад него. Стјуардите решија дека тој бил подалеку од максималната должина од „10 болиди“ зад возилото, во обид да ги загрее гумите и да ја заддржи предноста.

Шефот на Ферари, Матија Биното претходно изјави дека очекуваат Леклер да ја „наследи“ победата бидејќи Перез заслужува две казни од по 5 секунди поради два вакви прекршоци, но на крајот стјуардите се решија за вакво решение за да не се менува распоредот.

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс