Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е избран за најдобар менаџер во оваа сезона во Премиер лигата
Шпанскиот стручњак со својот клуб ја освои титулата англиски шампион, а воедно испиша историја, бидејќи станаа единствениот клуб на Островот кој четири пати по ред ја освојувал титулата.
-Сакам да ја поделам оваа награда со Микел Артета, кој заврши одлична работа со Арсенал до последниот натпревар. Не натера да ги тестираме нашите граници. Секако тука е и Јирген Клоп со кој имав многу битки за паметење. Унаи Емери заврши одлична работа со Астон Вила, а Андони Ираола исто така беше одличен во Борнмаут. Беше чест да се натпреварувам покрај нив и да го освојам овој трофеј. Ќе се обидеме да ја одбраниме титулата и следната сезона – изјави Гвардиола за официјалната веб-страница на Премиер лигата.