Утрински Весник
Македонија

Пензиониран пилот од Битола се врати да гасне пожари: Ова ми дава сила да се борам со огнената стихија

Pozar.webp.webp

Пензионираниот пилот Васко Михалчев е еден од двајцата пилоти кои се вратија од пензија за да ги управуваат противпожарните авиони Ер трактор.

„Вечерва сум посебно среќен затоа што добив огромна поддршка од моите сограѓани и пријатели од мојата Битола. Ова ми дава сила да продолжам понатаму да се борам со огнената стихија која ја погоди Битола и цела Македонија. Не смееме да заборавиме да им одадеме чест и поддршка на сите кои беа долу и се бореа со огнот без престан. Тие се вистинските херои. Ви благодарам на сите за убавите зборови, напиша тој на својот профил на „Фејсбук“.

Огнената стихија над Битола која за неполни два дена „проголта“ над 120 хектари разновидна шумска вегетација и градот го наполни со густ чад, од рано утрово ставена е под контрола. Обиколницата од Битола кон Ресен, повторено е пуштена за сообраќај.

Можете да прочитате

Изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад

Ставот на МАНУ е дека постои само една национална академија и оти во неа нема место за политички влијанија, за Мицкоски иднината не е во поделби туку во обединување

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и Богородица за излез од државата