Легендарниот Роџер Федерер, иако се пензионираше пред два месеци, се уште најмногу заработува во светот на „белиот спорт“.
По долгогодишна соработка со „Најк“, Роџер во 2018 година потпиша десетгодишен договор со „Уникло“ вреден дури 100 милиони долари.
Откако се повлече и заработи околу 130 милиони долари, само од турнирските награди, Федерер од овој јапонски производител на спортска опрема ќе добива само добри пари до 2028 година.
На почетокот на овој месец, во чест на спонзорот, Федерер се појави на егзибиција во Јапонија.
Сите овие договори најверојатно ќе бидат мали во споредба со еден друг извор на приход.
Одлуката на Федерер да се откаже од договорот со „Најк“ му овозможи да инвестира во „On Running“, производител на патики, на почетокот на проектот.
Федерер набрзо посериозно влезе во сопственичката структура на оваа швајцарска компанија, а проценките моментално велат дека вредноста е дури 10 милијарди долари.
„On Running“ „дебитираше“ на Њујоршката берза во 2021 година со вредност од 7,3 милиони долари, додека во овој момент делот на Федерер изнесува околу 300 милиони долари.
Ова дополнително значи дека Федерер моментално вреди 500 милиони долари од тековни инвестиции и спонзорски договори.