Утрински Весник
Свет

Пентагон соопшти за американски напад врз брод за шверц на дрога на Карибите, три лица се убиени

Pentagon.jpg

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет синоќа објави дека американската војска извршила смртоносен напад врз брод во Карипското Море, кој припаѓал на организација за шверц на дрога.

Според него, три лица на бродот биле убиени.


Операцијата, извршена по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп и спроведена во меѓународни води, била насочена кон брод познат по транспорт на дрога по шверцерски пат. Нема повредени или штети на американска страна, наведува Хегсет во објава на социјалната платформа „Икс“

Можете да прочитате

Во Оман почнаа американско-иранските преговори

Во Москва застрелан руски генерал

Пад од 124.000 на под 63.000 долари – што се случува со биткоинот?