Утрински Весник
Македонија

Пенов за блокадите во Скопје: Ова е самоволие, граѓаните трпат преголема штета

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа
Dik 300x250 mk

Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, одби да каже кои се мерките кои државата ќе ги преземе за да ги тргне блокадите од скопските улици.

dobivaj vesti na viber

Тој посочува дека ситуацијата се следи и за истата додаде дека е непријатна.

Се пожали дека и тој додека патувал кон Струмица, едвај го напуштил главниот град.

„Ја следиме таа ситуација. Непријатна е. Преголема штета трпат граѓаните поради некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние доаѓајќи накај Струмица, едвај излеговме од Скопје. Непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат. Штетата ја плаќаат граѓаните. Секој по половина час вози повеќе, се вози повеќе, се троши гориво, се губат бизниси и работни часови, што е огромна штета за граѓаните.“, кажа Пенов.

Во главниот град втор ден по ред се блокирани раскрсниците. Приватните превозници најавија дека нема да ги тргнат автобусите од улиците се додека не им се платат средствата кои Град Скопје им ги должи.

Можете да прочитате

Мечка на булевар во Дебар: ловците предупредуваат да не се провоцира

Врне дожд во цела Македонија: На Попова Шапка наврнало 55 литри дожд

Обилни врнежи во Македонија, досега наврнаа 47 литри дожд