
Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов (68) ќе биде советник во Советот на Град Скопје.
Пенов влезе во Советот како носител на советничката листа на коалицијата Искуство за успех на Либерално-демократска партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите.
Коалицијата освои 6.953 гласови (2,99%), доволни за едно советничко место.
„Драги скопјани,
Доколку можев, би ви се заблагодарил лично на секој еден од вас кој вчера го дадовте гласот за мене и листата која ја предводев. Влегувам во советот не за да преспијам четири години или да молчам, туку да се борам за подобро Скопје со решенија и проекти кои се надевам ќе бидат слушнати од останатите советници и новиот градоначалник, кој и да биде тој. Довербата која ја добив од вас е сила која ме обврзува да се залагам за нормализирање на ситуацијата во градот, да бидам разумот кој ќе поддржува добри проекти, но и кој ќе се спротивстави жестоко кога работите нема да одат во добар правец. Следете ме и уверете се дека вашиот глас завршил на право место, во човек кој нема да ве разочара и кој ќе биде вашиот глас во градскиот совет. Секогаш на ваша страна!“, порача Пенов на ФБ.