Утрински Весник
Македонија

Пендиков добива сместување, лично обезбедување и државјанство, засега останува во Бугарија

Пендиков добива сместување, лично обезбедување и државјанство, засега останува во Бугарија

Кристијан Пендиков ќе добие бугарско државјанство, соопшти денеска бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков.

dobivaj vesti na viber

Рече дека министерството за надворешни работи ќе му обезбеди привремено сместување додека престојува во Бугарија.

„Тој е загрижен за својот живот доколку се врати во Северна Македонија, па затоа се размислува и за назначување на обезбедување“, вели бугарскиот министер,

Милков коментираше дека и покрај напорите за затоплување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, досега нема успех. Рече дека треба да се одржат консултации на кои ќе бидат ставени спорните прашања меѓу двете страни.

„Обидите за надградба, обидите за смирување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија всушност беа поткопани со одредени конкретни постапки на властите во Скопје. Ова, се разбира, означува нова, уште пониска точка во нашите односи“, истакна министерот.

 

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“ 

Вицепремиерот Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново 

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?