Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ѝ врати на Силјановска: Пресудите на Уставен за настаните од 27-ми април се праведна сатисфакција за целокупната демократска јавност во државата

63f97052 558d 47d2 A012 1d30bbdc6ef4.jpg

Во своето излагање денеска на Меѓународната конференција „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“ во македонското Собрание, актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски, упати различни пораки од оние на неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.

Неодамна Гордана Силјановска Давкова истакна дека ако таа стане претседател на државата, ќе ги помилува осудените лица за насилството од упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

За разлика од Силјановска Давкова, Пендаровски смета дека пресудите за 27 април се „праведна сатисфакција“.

„Се реферирам на одлуките што Уставниот суд ги донесе во последниот период во однос на трагичните настани од 27 април 2017 година што се случија токму во оваа зграда. Освен нападот кон нашиот демократски уставен поредок и насилството кон пратеници, нападнати беа и новинарските екипи кои известуваа од конститутивната седница на Собранието. Во обид да се спречи мирна транзиција на власта, насилна толпа организирана од структури на тогашната власт нападна новинари во обид да ги спречат да ја известат јавноста за случувањата. Вашите одлуки со кои утврдивте повреда на правото на слободно изразување на мислата се праведна сатисфакција, не само за нападнатите новинари, туку и за целокупната демократска јавност во нашата држава“, порача Пендаровски на конференцијата. 

Конференцијата е организирана од Уставниот суд по повод 60 години од неговото основање

Можете да прочитате

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Студено утро со температури и до минус 11 степени