Утрински Весник
Македонија

Пендаровски во својот мандат додели признанија на плејада заслужни граѓани

26814e36 Be55 41f2 B37c 4b7ce2ab9f18.jpg

Изминуваат последните денови од мандатот на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Во досегашните пет години, извршувајќи ги своите законски и уставни надлежности, Пендаровски успеа да се сети на голем број заслужни граѓани кои ги одликуваше со државни награди и признанија.

Кон крајот на минатата година, Пендаровски додели Повелба на Република Северна Македонија на Албански театар – Скопје, Орден за заслуги на актерите Коле Ангеловски, Гоце Тодоровски и Бајруш Мјаку, а Лупчо Каров, Бранко Огњановски и Васко Тодоров односно екипата на хумористичната емисија К-15 добија Медал за заслуги за Република Северна Македонија.

Со Орден за заслуги на Република Северна Македонија Пендаровски ги одликуваше и Оливера Николова, Благоја Чоревски, Слободан Унковски, Бедија Беговска, Ѓокица Лукаревски, Ристо Вртев и Рефет Абази.

На 2 август 2022 година Пендаровски додели државни признанија на борците од НОБ, односно доделен Орден на Република Северна Македонија постхумно на Крсте Црвенковски, Орден за воени заслуги (постхумно) како и Медал за храброст на партизаните Никола Стојановски, Јован Величковски, Трајанка Аврамовска (постухмно), Илија Дуновски, Никола Николоски, Цветко Цветкоски, Кадрија Џафери и Дафинка Богоева.

„Со овие одликувања на симболичен начин исправаме историски неправди. Првата, направена со пропустот Дуња да не биде прогласена за народен херој. Втората, со намерното отстранување на Крсте Црвенковски од јавниот и политичкиот живот поради неговите либерални ставови и прогресивни политики. Третата, со обидите да се релативизира значењето на НОБ и АСНОМ како врска меѓу нашиот прв и трет Илинден“ ќе каже Пендаровски на церемонијата за доделување на признанијата.

Во петте години мандат, Пендаровски се сети и на граѓанските организации и личности кои долги години работат на унапредување на македонското општество.

Минатата, година, Пендаровски им додели Повелба на Република Северна Македонија на СОС Детско Село, Центарот за балканска соработка – ЛОЈА, Движењето против хендикеп Полио Плус, Биба Додева, Ленче Здравкин, Савка Тодоровска и Ристо Донев.

„Препознатлива е улогата и значењето на граѓанските организации, како и на поединци кои преку работата во нив, но и самостојно, придонесоа за македонската демократија и македонското општество. Без силен и развиен граѓански сектор не е можна успешна и демократска Македонија“ порача тогаш Пендаровски.

Стево Пендаровски стана претседател на државата во 2019 година, а на претстојните избори ќе се бори за втор мандат, заедно со уште шест противкандидати.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!