Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Во овој момент нема две третини, но тоа не значи и дека нема да има

Пендаровски: Во овој момент нема две третини, но тоа не значи и дека нема да има

Со гласање „против“ уште при утврдувањето на дневниот ред, опозицијата потврди дека во земјава пропаднал концептот на ЕУ, оцени синоќа претседателот Стево Пендаровски.

dobivaj vesti na viber

Според него, опозицијата треба да каже каква алтернатива нуди и што предлага ако е против уставните измени. За Пендаровски е нејасно и „како опозицијата се обидува да се мајтапи со толку моќна земја на ЕУ како Франција и вели дека она што е на маса не е француски предлог и европска рамка, туку бугарски диктат“.

На Пендаровски воопшто не му се чини, како што рече, дека е изгубен легитимитетот на Владата по вчерашното собраниско заседавање. Јасно е дека владејачкото мнозинство во овој момент нема две третини, но тоа не значи и дека нема да ги има, нагласи претседателот.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор